Јокиќ растури на стартот на НБА сезоната, само двајца пред него успеале да го постигнат ова!
Редакција28 окт 2025

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, стана третиот кошаркар во историјата на НБА-лигата кој постигнал три трипл-дабл по ред на почетокот на сезона.
Претходно ваков подвиг направиле само Оскар Робертсон и Расел Вестбрук.
Во победата од 127:114 над Минесота ноќеска на гостински терен, Јокиќ за 36 минути поминати на теренот, постигна 25 поени, 19 скока и 10 асистенции.
Денвер ја оствари втората победа во третиот натпревар се наоѓа на 3. место на табелата во Западната конференција. Минесота загуби два од своите четири натпревари и е на 9. место.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



