Connect with us

Фудбал

Јунајтед бара тренер, стигна првата „корпа“

Селекторот на италијанската репрезентација Роберто Манчини го одби Манчестер Јунајтед.

Откако ја прекинаа соработката со Оле Гунар Солскјер, челниците на „црвените ѓаволи“ ја започнаа потрагата по негов наследник.

На нивната листа со желби има неколку имиња, а меѓу нив се најде и она на актуелниот селектор на Италија, и поранешниот менаџер на Манчестер Сити, Роберт Манчини.

Ако му се верува на новинарот на СпортБилд, Кристијан Фаик, челниците на Јунајтед стапиле во контакт со италијанскиот стручњак, но тој ја одбил нивната понуда, наведувајќи дека е фокусиран на репрезентацијата во пресрет на квалификациите за Светското првенство.

Да потсетиме, по заминувањето на Солскјер со „црвените ѓаволи“ беа поврзани Зинедин Зидан, кој моментално е без работа, и Маурисио Покетино, кој моментално го води ПСЖ.

До изборот на нов менаџер Јунајтед од клупата ќе го води помошникот на Солскјер, Мајкл Керик.

За крај да додадеме дека покрај лутиот ривал на Јунајтед Манчестер Сити, Манчини во кариерата ги предводеше и Фиорентино, Лацио, Интер, Галатасарај и Зенит.

Реклама

Facebook

Реклама