Јунајтед ја активира откупната клаузула и носи големо засилување?

Аргентинскиот фудбалер Лаутаро Мартинез е желба на Манчестер Јунајтед, пишува „Мундо Депортиво“.
Неодамна, 22-годишниот Мартинез обезбедува одлични игри во дресот на Интер и го привлече вниманието на многу клубови, а последен во серијата што го посакува е Манчестер Јунајтед.
Така, барем „Мундо Депортиво“ пишува, тврдејќи дека тренерот Солскјер е решен да го донесе Мартинез на „Олд Трафорд“ уште во јануари и дека „црвените ѓаволи“ веќе презеле конкретни чекори.
Во неговиот договор, Мартинез има откупна клаузула од 111 милиони евра, што е бројка што Манчестер Јунајтед може да ја плати доколку пишувањето на медиумите е вистина.
Барселона го има и Мартинез на својот радар, неодамна тоа го потврди и неговиот агент Алберто Јаке.
Мартинез има постигнато пет гола на 10 натпревари во Серија А оваа сезона, а неговиот договор со Интер е со важност до 2023 година.



