SportM
Фудбал

„Јунајтед не треба да го задржува Погба“

Д М30 јул 2019
„Јунајтед не треба да го задржува Погба“

Манчестер Јунајтед би требало да го пушти Пол Погба, според поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, Бастијан Швајнштајгер.

И покрај желбите на сите на Олд Трафорд за Погба да остане, Французинот сепак се поврзува со Јувентус и Реал Мадрид.

„Ако играчот сака да си замине, тогаш клубот не треба да го задржи“, рече Швајнштајгер.

„Во тимот треба да бидат само оние кои се најпосветени. Тоа е единствениот начин на кој може да преживее се опстане на врвот. Пол е одличен играч, но му треба тим каде може да игра како што игра за репрезентативниот тим. Ако така беше и во Јунајтед, верувам дека би сакал да остане“.

Јунајтед шампионатот ќе ги стартуваат на 11 август со дуел против Челзи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.