SportM
Фудбал

Јунајтед реши – Аргентинецот приоритет за јануари!

Д М11 ное 2022
Јунајтед реши – Аргентинецот приоритет за јануари!

Манчестер Јунајтед синоќа имаше вистински трилер натпревар. „Црвените ѓаволи“ по пресврт успеаја да ја елиминираат Астон Вила од Карабао купот, им се реваншираа за поразот во Премиер лигата неколку дена претходно.

На Тен Хаг се чека само мечот со Фулам, а потоа почнува паузата поради Мундијалот во Катар.

Секако дека Јунајтед ќе работи напорно и во текот на зимата. Играчите ќе бидат скаутирани за време на Светското првенство во Катар, но англиските медиуми веќе наведуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ има одреден приоритет во однос на набавките.

Голема желба е играчот на Бенфика – Енко Фернандез.

Аргентинецот многу брзо прерасна во еден од главните играчи на португалскиот гигант, иако пристигна во јули оваа година за сума од 12 милиони евра од Ривер Плата. Неговата вредност е тројно зголемена за само неколку месеци, тој е неуморен играч за врска. Манчестер сака да го спои со Касемиро на средината на теренот, но јасно е дека Бенфика ќе бара огромна сума на пари со оглед на тоа дека договорот на Аргентинецот не истекува до 2027 година.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.