Јунајтед во потрага по десен бек, две опции се на маса

Ова лето по 10 години Антонио Валенсија ќе го напушти тимот од „Олд Трафорд“, оставајќи го слободното местото на десната страна.
Неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува ова лето, и долго време се шпекулираше дека ова официјално ќе биде крај на соработката меѓу Јунајтед и Валенсија, кој ги потврди овие тврдења преку својот профил на Instagram.
33-годишниот фудбалер објави фотографија од трибините Сер Алекс Фергусон, и напиша, “Ви благодарам”, што е јасен знак дека тој ќе ги напушти редовите дваесеткратниот англиски шампион по 10 години.
Неговото заминување остави огромна празнина во одбраната на Јунајтед на таа позиција, па клубот веќе одлучи да оди во потрага по негова замена.
Не е тајна дека првата желба на „Црвените Ѓаволи“ ова лето е одличниот бек на Палас Ван-Бисак, која има навистина одлична сезона во лондонскиот тим. Тој одигра одлично и го привлече вниманието на големите клубови.
Тие испратија понуда во вредност од околу 45 милиони евра, но таа беше категорично одбиена, бидејќи тие бараат 20 милиони повеќе. Ако преговорите за овој трансфер не успеат, Јунајтед ќе се свртат кон алтернативата.
Еден од нив го гледаат во Норвич, Макс Аронс, кој исто така одигра одлична сезона во која тој беше прогласен за најдобар млад играч на шампионатот.



