SportM
Фудбал

Јуве без четворица отпатува за Рим, Пирло ќе треба да одлучи меѓу Дибала и Мората

Д М26 сеп 2020
Јуве без четворица отпатува за Рим, Пирло ќе треба да одлучи меѓу Дибала и Мората

Алваро Мората и Пауло Дибала се дел од Јувентус, кој в недела вечер ќе се соочи со Рома.

Мората неодамна пристигна во Јувентус по втор пат, а утре ќе има можност да дебитира повторно во дресот на Старата дама против Рома во дербито на колото.

Федерико Бернардески, Матијас де Лихт и Алекс Сандро се повредени и не се во конкуренција за мечот со Рома, додека Сами Кедира не е вклучен во списокот на гостувањето во Рим, што дефинитивно потврдува дека Германецот повеќе не е член на Јувентус.

Тренерот Пирло е на мака да одлучи кој ќе игра во нападот – Мората или закрепнатиот Дибала, бидејќи се верува дека, како и во првото коло, Кристијано Роналдо и младиот Дејан Кулушевски ќе бидат стартери.

Состав на Јувентус за Рома: Шчесни, Пинсољо, Буфон; Де Шиљо, Киелини, Данило, Куадрадо, Бонучи, Ругани, Демирал, Фработа; Артур, Ремзи, Мекени, Рабиот, Бентанкур, Портанова, Кулушевски; Роналдо, Мората, Дибала, Даглас Коста, Вриони.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.