SportM
Фудбал

Јувентус ги контактирал менаџерите на Елиф Елмас!

Редакција31 јул 2026
Јувентус ги контактирал менаџерите на Елиф Елмас!

Тутоспорт“, објави дека раководството на „Старата дама“ веќе остварило контакти со агентите на македонскиот репрезентативец. Елмас се вратил во РБ Лајпциг по едногодишната позајмица во Наполи и би можел да стане атрактивна опција во самиот финиш од летниот преоден рок. Јувентус бара креативен играч зад напаѓачите, а по неуспешните обиди да дојде до други мети, Елмас повторно се појавува како сериозна алтернатива. Неговата способност да игра на повеќе позиции во средниот ред и нападот е една од причините поради кои е високо ценет од тренерот Лучијано Спалети, со кого веќе успешно соработуваше во Наполи.

Засега нема официјална понуда до РБ Лајпциг, но контактите со неговиот менаџерски тим покажуваат дека Јувентус сериозно ја разгледува можноста македонскиот фудбалер повторно да заигра во Серија А.

Инаку, пред само два дена се појавија информации дека за услугите на Елмас е заинтересиран и Бешикташ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.