SportM
Фудбал

Јувентус го избра идниот капитен, плата од 10 милиони годишно!

Д М1 апр 2020
Јувентус го избра идниот капитен, плата од 10 милиони годишно!

Џорџо Киелини има долг пад во кариерата исто како Леонардо Бонучи, поради што веќе размислуваат за нов капитен на Јувентус.

„La Gazzetta dello Sport“ пишува дека клубот од Торино веќе одлучил кој ќе ги наследи двата стопери. Изборот падна на Дибал.

Дибала беше на еден чекор од заминувањето во ПСЖ минатото лето, но неговата одлука да остане и да го покаже неговиот квалитет беше клучна, па челниците на италијанскиот шампион се премислија.

Аргентинецот наскоро ќе потпише нов и многу подобрен договор. Наместо претходните 7,5 милиони, тој ќе заработува 10 милиони евра годишно и ќе му биде дадена капитенската трака.

Дибала пристигна во Јувентус во летото 2015 година од Палермо за 40 милиони евра. Во меѓувреме, тој започна да го носи бројот 10, стана омилен кај навивачите и постепено стана лидер на теренот.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.