SportM
Фудбал

Јувентус го понижи Манџукиќ со нов потег

Д М12 дек 2019
Јувентус го понижи Манџукиќ со нов потег

Марио Манџукиќ со нетрпение го чека јануари, кога конечно ќе може да го напушти Јувентус.

До неодамна, Манџукиќ се сметаше за икона кај навивачите на Јувентус, но со доаѓањето на Маурицио Сари како тренер, тој потполно падна во втор план и сигурно е дека ќе го напушти клубот зимава.

Медиуми пишуваат дека животот на Манџукиќ во Торино денес е тажен. Покрај тоа што не му беше дозволено да тренира со остатокот од тимот, медиумите сега откри нов потег што дополнително го понижи фудбалерот на „Бјанконерите“ кој е во клубот од 2015 година.

Реномираниот „Дејли меил“, повикувајќи се на италијански извори, пишува дека името на Манџукиќ не било на списокот со 600 гости, чиј домаќин бил претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Очигледно е дека Јувентус повеќе не го третира Манџукиќ како свој член, а останува да се види како ќе заврши целата приказна и која ќе биде следната дестинација во кариерата на хрватскиот напаѓач. Се шпекулира дека тоа би можело да биде Борусија Дортмунд.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.