SportM
Фудбал

Јувентус го потврди заминувањето на дури тројца играчи

Д М30 јун 2022
Јувентус го потврди заминувањето на дури тројца играчи

Јувентус денеска потврди дека тројца играчи на овој клуб и официјално ја напуштиле Старата дама.

Веќе беше познато дека Пауло Дибала нема да го продолжи договорот со Јувентус и дека летово ќе го напушти клубот, а тоа денеска и официјално го потврди Старата дама.

Сепак, Дибала не е единствениот играч кој го напушти клубот. Старата дама најави дека покрај Дибала утре од Јувентус ќе си заминат уште двајца играчи и им се заблагодари за соработката.

Јуве објави дека Алваро Мората нема да остане во клубот бидејќи не одлучиле да го откупат неговиот договор од Атлетико Мадрид, а тој ќе се врати во шпанскиот клуб со кој има уште една година договор.

Покрај овие двајца, Јувентус го напушта и Федерико Бернардески кому исто така му истече договорот. Бернардески не постигна договор за продолжување на договорот, па утре ќе биде слободен играч и без обештетување ќе може да потпише за друг клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.