Поврзи се со нас

Фудбал

Јувентус и Барселона подготвуваат уште една спектакуларна размена?

Јувентус и Барселона успешно соработуваа ова лето околу размената на играчи во кои беа вклучени Миралем Пјаниќ и Артур Мело.

Пјаниќ реши кариерата да ја продолжи во дресот на каталонскиот клуб, додека Артур оди во спротивна насока. Овој трансфер беше официјализиран пред повеќе од еден месец, а играчите наскоро ќе им се придружат на своите нови екипи.

Но, италијанските медиуми пишуваат дека Јуве и Барса би можеле повторно да соработуваат. Наводно, нова размена на играчи предложена од Старата дама е на хоризонтот.

„Калчомеркато“ објави дека Јувентус е подготвен да го испрати Дибала во Барселона, а во замена за него го сакаат Антоан Гризман, кого го гледаат како одличен избор во позицијата напаѓач.

Гризман дојде во Барса од Атлетико Мадрид пред една година за 120 милиони евра, но тој не воодушеви. Наводно, Барса го ставил на трансфер-листата, а Јувентус сака да го искористи тоа.

Старата дама не сака да плати 100 милиони евра за него, но тие се подготвени да го пуштат Дибала да оди во спротивна насока. Но, Барселона сè уште не дала одговор со оглед дека во моментов има хаос во каталонскиот клуб затоа што навивачите сакаат тотална промена во управувањето со клубот.

Advertisement

Facebook

Реклама