SportM
Фудбал

Јувентус и Евертон се договорија за трансферот на Моис Кин

Д М30 јул 2019
Јувентус и Евертон се договорија за трансферот на Моис Кин

Младиот напаѓач на Јувентус, Моис Кин е на излезната врата на италијанскиот шампион.

Кин минатата сезона ги воодушеви сите со неговите натпревари во дресот на Старата дама и се очекуваше да има повеќе простор за играње оваа сезона, но очигледно тоа нема да се случи.

Маурицио Сари не смета на него и доби дозвола да пронајде нов клуб. Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека Јувентус и Евертон се договориле за трансферот на Кин.

Киан утре треба да пристигне во Ливерпул на лекарски преглед и да потпише договор со Евертон. Иако се очекуваше дека ќе замине на заем, сепак на крајот беше решено Јуве да го продаде.

Според извештаите на медиумите од Италија, од овој трансфер Јувентус треба да собере околу 40 милиони евра. Кин ќе заработува околу три милиони евра годишно во новиот клуб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.