Јувентус и играчите постигнаа договор: Од колкав процент се откажаа играчите?

Неиграњето натпревари и, следствено, послабиот бизнис ги принудија најбогатите клубови во Европа да ги намалат платите. Тоа денес го направи и Јувентус.
Јувентус во соопштението изјави дека е постигнат договор со прволигашите и тренерот Маурицио Сари за намалување на платите за март, април, мај и јуни, што ќе му донесе на клубот 90 милиони евра заштеди.
„Јувентус соопштува дека постигнал договор со играчи и тренерите од првиот тим за нивниот надомест за остатокот од тековната натпреварувачка година, како резултат на глобалната состојба и прекинот на спортските активности“.
„Договорот вклучува намалување на платите за март, април, мај и јуни 2020 година. Индивидуалните договори со играчите ќе бидат постигнати во наредните недели, како што се бара со закон“.
“Економското и финансиското влијание на постигнатиот договор е позитивно во износ од 90 милиони евра за сезоната 2019/2020. Како што продолжува сезоната, клубот ќе има најдобра намера да преговара за дополнителен надомест. Јувентус би сакал да им се заблагодари на играчите и тренерот што покажаа одговорност во тешка ситуација за сите “, соопшти клубот од Торино.
Патем, Јувентус се очекува да потроши 294 милиони евра годишно на плати на играчите во сезоната 2019/2020. Најплатен играч е Кристијано Роналдо со плата од 31 милиони евра. Според некои информации, Португалецот ќе се откаже од скоро 4 милиони евра.



