SportM
Фудбал

Јувентус и официјално му зададе голем удар на лутиот ривал Интер

Д М21 јул 2022
Јувентус и официјално му зададе голем удар на лутиот ривал Интер

Јувентус го официјализираше трансферот на дефанзивецот Глисон Бремер.

Бремер (25) беше блиску до потпис за Интер, но Јувентус на крајот успеа да го донесе за 50 милиони евра.

 

Станува збор за најдобриот дефанзивец од Серија А минатата сезона и играч кој го бараат гигантите во Италија. Беше најблиску до Интер, а заврши во редовите на Јувентус.

Откако Матијс де Лихт беше продаден на Баерн за 80 милиони евра, челниците на најтрофејниот италијански тим веднаш упатија дел од парите за купување на неговата замена.

Бремер потпиша петгодишен договор вреден четири милиони евра нето по сезона плус еден милион евра бонуси.

 

Тој ќе биде клучен играч во одбраната на Јувентус откако летово клубот го напуштија и Де Лигт и Џорџо Кјелини, кои заминаа во МЛС.

 

Бразилецот помина четири години во Торино, од 2018 до 2022. Во тој период забележа 110 настапи во сите натпреварувања. Тој ќе остане во истиот град, но сега е член на многу поголем и поамбициозен клуб.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.