Јувентус избра тројца играчи кои ќе имаат задача да ја спасат сезоната!

Во Јувентус се обидуваат да го спасат тоа што може да се спаси, па во текот на зимата ќе доведат неколку играчи.
Требаше да се претпостави и дека Јувентус ќе тргне во зимски шопинг по безизлезната полусезона во која Старата дама, со исклучок на пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите, беше очајна.
Борбата за Скудетото е завршена уште пред да започне, а играта на Јувентус не е како онаа од претходните, првенствени сезони. Има многу што не е во ред во тимот на Масимилијано Алегри и евидентно е дека се потребни засилувања.
Одбраната може да продолжи во истиот состав, но на средниот ред, а особено на нападот му требаат одредени промени. Сепак, средниот ред е најкритичен, па две од „планираните“ три засилувања се играчи од средниот ред.
Џанлука Ди Марцио, кралот на трансфер гласините, најави дека класниот играч за врска и напаѓач зимава ќе дојдат во Торино. Или барем таков е планот.
Проблемот е што Јуве нема да може да инвестира во нови играчи додека не се елиминираат неколку непосакувани играчи. Арон Ремзи, кој заработува околу 7,5 милиони евра годишно, би требало спогодбено да го раскине договорот со клубот. Би можел да замине и Артур кој пристигна од Барселона. Адриен Рабиот исто така не е високо оценет.
Така, најмногу трпи средниот ред, а желби се 29-годишниот Шпанец од Лацио Луис Алберто, кој не е многу популарен кај тренерот Маурицио Сари, потоа холандскиот репрезентативец Георгини Вајналдум, кој призна дека не се чувствува најсреќен во ПСЖ и тој има желба во јануари нешто да се промени во неговата кариера.
Што се однесува до нападот, најозборуван во моментов е Мауро Икарди за кого нема место во ПСЖ, а неговата сопруга Ванда Нара која исто така се грижи за неговата кариера разговарала со претседателот на Јувентус Андреа Ањели и тоа е многу можно, дека поранешниот играч на Интер ќе дојде на позајмица.
Аргентинецот оваа сезона постигна само три гола, но на теренот помина само 748 минути. Нескротливиот напаѓач одлично ја познава Серија А, бидејќи веќе има настапувано за Сампдорија и Интер.



