SportM
Фудбал

Јувентус ја менува одлуката за Јилдијз, Турчинот може да замине само ако се исполни овој услов

SPORTM.mk8 окт 2026
Јувентус ја менува одлуката за Јилдијз, Турчинот може да замине само ако се исполни овој услов

И покрај неодамнешното продолжување на договорот, кој истекува во јуни 2030 година, Кенан Јилдијз може да го напушти Јувентус во текот на следното лето. Турската ѕвезда ќе биде главен актер и во следното лето, како што беше случај и во последниот трансфер период.

Интересот кон него е во пораст, исто како и финансиските понуди. Џанлука Ди Марцио открива дека Јилдијз може да замине следното лето од Јувентус, но само за понуда која започнува од 150 милиони евра. Дури, познатиот новинар оди понатаму, откривајќи дека во случај на заминување на Јилдијз, бројот 10 на Јувентус ќе биде Керим Алајбеговиќ, кој беше трансфериран од Леверкузен во последното лето за сума од 32 милиони евра.

Клубовите кои изгледа се најзаинтересирани за турскиот фантазист се Реал Мадрид, Арсенал и Баерн. Но, не се исклучуваат и други клубови како Челси, ПСЖ и Манчестер Сити. За момент, нема конкретна понуда, но со сигурност Јилдијз ќе биде главниот актер на следното лето.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.