Јувентус ќе го земе напаѓачот

Јувентус оваа сезона не блеска многу во фазата на напад, а Старата дама во јануари ќе се обиде да го засили офанзивниот дел од тимот.
Според последните информации, клубот од Торино ќе тргне по Аркадиуш Милик, напаѓачот на Марсеј, кој има договор со францускиот тим од летото 2022 година.
🚨 Arkadiusz Milik has been offered to Juventus and could leave Marseille this winter.
(Source: @NicoSchira) pic.twitter.com/KNeq3gxHY6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 29, 2021
Милик минатата сезона им се приклучи на француските великани од Наполи, а сега Јувентус сака да ја заврши работата со полскиот напаѓач кој за полската репрезентација одигра 61 натпревар и постигна 16 голови.
Споменатиот напаѓач пружи одлични партии во дресот на Наполи за кој настапуваше четири сезони, па не му е непознат на Серија А, а ќе видиме дали овојпат ќе се врати на чизмата во редовите на Јувентус.
Кариерата ја започна во Горник, а потоа се докажа во Бундеслигата во дресот на Аугсбург и Баер Леверкузен, пред да замине во Ајакс каде со одлични партии дојде до радарот на Наполи.
Јувентус има проблеми со реализацијата на Дибал и Мората се далеку од посакуваната форма, па напаѓачот е прва цел на торинскиот гигант.



