SportM
Фудбал

Јувентус му ја исполни желбата на Алегри: Го доби играчот што очајно го бараше

Д М31 авг 2022
Јувентус му ја исполни желбата на Алегри: Го доби играчот што очајно го бараше

Торински Јувентус денеска доби засилување за остатокот од сезоната.

Аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес, кој во редовите на Старата дама дојде на позајмица од француски ПСЖ, стана нов играч на италијанскиот гигант.

Двата клуба го потврдија договорот. Паредес следните 10 месеци ќе ги мине во Торино и тој е играч кој го бараа Бјанконерите.

ПСЖ му посакува се најдобро на Леандро Паредес во неговиот нов клуб“, соопштија од парискиот клуб.

Треба да се напомене дека Јувентус на крајот од сезоната ќе има опција да го откупи договорот на 28-годишниот аргентински фудбалер кој претходните три и пол години ги мина во ПСЖ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.