SportM
Фудбал

Јувентус на Пирло расположен за отворање на сезоната: Сампдорија испратена дома со три гола во мрежата

Д М20 сеп 2020
Јувентус на Пирло расположен за отворање на сезоната: Сампдорија испратена дома со три гола во мрежата

Јувентус без поголеми проблеми на „Алијанц“ стадионот ја совлада Сампдорија со 3:0 во 1. коло од Серија А.

Актуелниот шампион на Италија влезе во новата сезона со Андреа Пирло како нов тренер. Од првиот натпревар очигледно е дека оваа сезона ќе гледаме многу напаѓачки Јувентус.

Јуве поведе во 13. минута од средбата. Дејан Кулушевски погоди на своето деби за предност од 1-0, на асистенција на Роналдо.

Роналдо имаше неколку шанси да ја зголеми предноста на Старата дама. Тој ја погоди пречката, имаше стопостотна шанса за гол но топката едноставно не влезе во голот.

Потоа домашниот тим проба се што е можно побрзо да го заврши мечот. Сепак, беше очигледно дека тимот на Пирло нема повеќе координација, но сепак искористи една од шансите.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 79-та минута. Бонучи искористи голема грешка на одбраната на Сампа и погоди за 2:0.

Конечниот резултат од 3:0 го постави Кристијано Роналдо во 88-та минута од натпреварот по бројните обиди што ги имаше.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.