Јувентус носи големо засилување од Баерн?

Тијаго Алкантара веќе седум години игра во дресот на Баерн Минхен, а германските медиуми веруваат дека тој би можел да го смени клубот на крајот на оваа сезона.
Овој 28-годишен играч од средниот ред на Баерн пристигна од Барселона летото 2013 година за 25 милиони евра. Тијаго има договор со Баварците до летото 2021 година, и двапати ја негираше можноста за проширување на соработката.
Познатиот „Билд“ денес објави дека на крајот на сезоната Тијаго може да ги спакува куферите и да го напушти Баерн, а Јувентус покажа голем интерес за шпанскиот играч од средниот ред.
Прв избор на Јувентус е Пол Погба, но нивните преговори со Манчестер Јунајтед не одат добро. Поради ова, Старата дама сè повеќе размислува да го ангажира Тијаго Алкантара.
Тијаго досега има одиграно 27 натпревари за Баерн оваа сезона и е еден од најстандардните играчи на овој тим. Тој неодамна изјави дека сака нов предизвик во кариерата, а сигурно Јувентус е многу повеќе од тоа.
Но, дали клубовите ќе можат да најдат заедничка основа, останува да се види на крајот на сезоната.



