Јувентус се насочи кон ново големо засилување: Се создава пеколен среден ред

Јувентус не застана со доведување играчи ова лето.
Глисон Бремер е четвртиот играч што го донесе „Старата дама“, по Андреа Камбијасо (Џенова), Анџело Ди Марија (слободен) и Пол Погба (слободен), но не и последен.
Моментално главна мета на шефот на Јувентус е ѕвездата на ПСЖ, Леандро Паредес.
Деновиве челниците на Јуве се во преговори со Арон Ремзи за раскин на неговиот договор кој истекува во летото 2023 година.
Велшанецот има огромна плата, една од највисоките во Серија А, од седум милиони евра по сезона. Во моментов се чини дека без обештетување, од најмалку четири милиони евра, Британецот не сака да го напушти Јувентус.
Доколку се постигне договор, италијанските медиуми најавуваат дека играчот на ПСЖ ќе стане главна цел на „Старата дама“. Леандро Паредес, 28-годишниот аргентински играч за врска би можел да заврши во Торино. Тој веќе има искуство со играње во Серија А, во Рома и Емполи, помеѓу 2015 и 2017 година.
Висината на трансферот би била околу 30 милиони евра.
Летово имаше заминувања и од Јувентус. Бјанконерите се разделија со Матијс де Лигт (Баерн), Мерих Демирал (Аталанта), Роландо Мандрагора (Фиорентина), Федерико Бернардески (слободен), Даглас Коста (слободен), Џорџо Киелини (слободен), Раду Драгусин (Џенова), Пауло Дибала (бесплатно) и Алваро Мората (се врати во Атлетико по позајмица).



