SportM
Фудбал

Јувентус спреми 80 милиони за англиското чудо од дете

Д М14 ное 2018
Јувентус спреми 80 милиони за англиското чудо од дете

Џејдон Санчо стана сензација во европскиот фудбал, по серијата на одлични резултати во Борусија Дортмунд.

На само 18 години, репрезентативецот на Англија „жари и пали“ во Бундеслигата и сигурно е дека нема уште долго да го носи дресот на Борусија, бидејќи како што пишуваат странските медиуми фаворит за неговото доведување – Јувентус.

Лидерите на актуелниот шампион на Италија, наводно, се подготвени да платат 80 милиони евра за уште во текот на зимата да го донесат во своите редови, но во трката за неговиот потпис се уште Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Тешко е да се верува дека ќе Борусија, така лесно ќе се откажат од Санчо, особено затоа што во последно време со него ја проширија соработката.

Санчо оваа сезона во 17 натпревари, постигна пет гола и осум асистенции.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.