SportM
Фудбал

Кадиз одолеа на нападите на Реал

Д М19 дек 2021
Кадиз одолеа на нападите на Реал

Во 18. коло од Ла Лига, лидерот на Реал Мадрид го пречека тимот на Кадиз кој е на 19. место на табелата и го држи фенерот со тимот на Леванте.

Конечниот резултат гласеше 0:0, што е огромен бод за гостите во борбата за опстанок.

Реал имаше две убави шанси во првото полувреме, но одбраната на Кадиз беше на висина на задачата.

 

Во два наврати се заканија и гостите, но на крајот беа непрецизни и на одмор заминаа со 0:0.

Подолу е слична игра на теренот.

 

Како одминуваше натпреварот, Реал се повеќе напаѓаше и создаваше прилики, но голманот Ледесма имаше неколку одлични интервенции кон голот на Кадииз.

 

Второто полувреме го одбележаа кралевите, а тоа го поткрепува и статистичкиот параметар кој покажува дека Мадрид во вториот дел упати дури 15 удари кон голот, додека Кадиз не му се закани на голманот Куртоа.

 

До крајот на натпреварот немаше промена на резултатот и Кадиз одолеа на нападите на Реал и го остави Мадрид непоразен.

 

На ова да додадеме дека Реал на овој натпревар настапи без шест стандардни играчи кои беа позитивни на коронавирусот, а тоа се Модриќ, Бејл, Асенсио, Карвахал, Иско и Марсело.

 

 

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.