SportM
Фудбал

Кафу: Најдобриот со кој сум играл е Роналдињо, а најдобриот против кој сум играл е Зидан

Д М23 ное 2018
Кафу: Најдобриот со кој сум играл е Роналдињо, а најдобриот против кој сум играл е Зидан

Еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот, Маркос Евенгелиста да Мораеш, познат како Кафу, даде интервју за „Daily Mirror“, во кое открил, кои фудбалери за него денес се најдобри бекови, кој е најдобриот играч против кого играше итн.

Кафу најпознатите денови од својата кариера ги помина во Рома и Милан, а во тоа време се сметаше за најдобар бек во светот. Во својата кариера освоил се што може да се освои: Лигата на шампионите, Светското првенство, Серија А

Неговите зборови имаат дополнителна тежина, па новинарот за почеток го праша кои фудбалери за него денес се најдобри бекови.

„Во овој момент, тоа е Дани Алвеш, Дани Карвахал и Данило, според мое мислење“, рече Кафу кој го изостави Кајл Вокер, кој многумина го сметаат за најдобар десен бек во моментот.

Тој, исто така, го избра најдобриот соиграч со кој некогаш играл во неговата кариера.

„Имаше навистина многу добри, но ако морам да изберам еден, тоа ќе биде Роналдињо“, вели Кафу, па потоа го одбра најдобриот против која играл.

„Зинедин Зидан, тој беше фантастичен“, рече Кафу.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.