SportM
Фудбал

Кајл Вокер потпиша нов богат договор со Манчестер Сити

Д М19 јун 2019
Кајл Вокер потпиша нов богат договор со Манчестер Сити

По преговорите, Кајл Вокер денес потпиша нов договор со Манчестер Сити и на тој начин ја продолжи соработката со граѓаните уште две години.

Ова значи дека Вокер во Манчестер Сити треба да остане до 2024 година.

Манчестер Сити денеска го потврди продолжувањето на договорот со 29-годишниот дефанзивец, а англиските медиуми шпекулираат дека новиот договор со Вокер гарантира 180.000 фунти (202.000 евра) неделно.

„Возбуден сум што потпишав нов договор, бидејќи играм за Сити тоа е сè што сум замислил, па дури и повеќе“, изјави Вокер по потпишувањето на договорот, додавајќи:

„Тоа беше лесна одлука, сакам да се борам за трофеи, да играм на највисоко ниво, и чувствувам дека постигнав голем напредок како играч, бидејќи сум тука“.

Кајл Вокер пристигна во Манчестер Сити во 2017 година од Тотенхем за 52 милиони евра.

Од тогаш, тој има запишано точно 100 настапи во Граѓанскиот дрес, постигна два гола и забележа осум асистенции.

За две години на „Етихад“, Вокер освои шест трофеи со Сити. Тој стана шампион на Англија два пати, два пати го освои Лига Купот, еден ФА Куп и еднаш Англискиот Супер Куп.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.