SportM
Фудбал

Како би изгледал составот на Манчестер Сити следната сезона?

Д М15 фев 2020
Како би изгледал составот на Манчестер Сити следната сезона?

Манчестер Сити нема да игра во ЛШ следните две години што е голем удар за овој тим.

Поради нарушувања на финансискиот фер-плеј, УЕФА одлучи да го суспендира Манчестер Сити на две години, така што клубот од „Етихад“ нема да може да игра европски натпреварувања во тој период.

Многумина веруваат дека ова ќе биде многу штетно за „граѓаните“ бидејќи може да останат без неколку големи играчи во текот на летото. Сигурно е дека многу од нив сакаат да играат во Лигата на шампионите и во наредните сезони, а напуштањето на „Етихад“ е единствената опција.

Англиските медиуми објавија дека Пеп Гвардиола ќе замине во тој случај и дека Сити би можел да се спаси само ако нивната жалба биде прифатена и суспензијата да биде укината, што е тешко да се очекува дека ќе го стори УЕФА.

Наводно, во тој случај, играчи како Агуеро, Стерлинг, Де Брујн најверојатно ќе заминат покрај Гвардиола …

„The Sun“ пишува дека составот на Сити би можел да изгледа вака следната сезона: Едерсон, Вокер, Стоунс, Лапорте, Зинченко, Родри, Фернандињо, Марез, Фоден, Бернардо Силва и Габриел Жезус.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.