Како да не е ЛШ: Мане постигна гол а потоа следеше неочекувана реакција (ВИДЕО)

Садио Мане долго време е меѓу најдобрите играчи во светот.
Ливерпул и гостува на Бенфика во четвртфиналето од Лигата на шампионите и по првото полувреме има сигурно водство од 0:2.
Првиот гол за „црвените“ го постигна Конате, кој по еден корнер биеше со глава, а во 34. минута Мане ја затресе мрежата.
По една убава акција, Мане рутински ја смести топката во мрежата на асистенција на Дијаз. Сенегалецот тогаш се реши на необичен потег.
Имено, Мане воопшто не го прослави голот иако се работи за четвртфинале во Лигата на шампионите. Асистентот повеќе се радуваше на голот отколку стрелецот, што е вистинска реткост.
Инаку, ова беше трет гол за Мане во Лигата на шампионите оваа сезона, а интересно е тоа што Јирген Клоп реши да го стави во центарот на нападот против Бенфика, додека по крилните позиции играат Салах и Дијаз.



