SportM
Други

Како е ова можно? Олимписките медали од Париз целосно се распаѓаат

Редакција30 дек 2024
Како е ова можно? Олимписките медали од Париз целосно се распаѓаат

Фото: tv21m

Освојувачите на медали од Олимписките игри во Париз, помалку од половина година по глобалното натпреварување, се огорчени од состојбата на нивните највредни признанија во нивните кариери.

Веќе еден месец по завршувањето на Олимписките игри во Париз, некои спортисти се пожалија дека нивните медали почнале да се „распаѓаат“. Неколку месеци подоцна ситуацијата е таква што медалите целосно се распаѓаат. Двајцата француски пливачи Клемент Секи и Јохан Ндоје-Бруар вчера објавија фотографии од нивните медали. Тие ја истакнаа лошата состојба со бронзените медали што ги освоија во Париз и на тој начин им се придружија на бројните олимпијци кои привлекоа внимание на состојбата со медалите. Медалите, кои го содржат железото на Ајфеловата кула, изгледаат „истрошени“, а површинскиот слој е целосно излупен. Секи и Ндоје-Бруар споделија фотографии од нивните медали што ги освоија во машката штафета 4×100 метри мешано.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.