Како изгледа кога Абрамович дава бонуси? Подобро да не прашувате…

Челзи ќе има можност да се бори за трофејот во Лигата на шампионите откако во полуфиналето го елиминираше Реал Мадрид.
Со доаѓањето на Томас Тухел, Челзи стана исклучително силен тим, а тоа го потврди совладувајќи го Реал на два меча и против Манчестер Сити на 29 мај во Истанбул ќе го одигра големото финале во Лигата на шампионите.
Пред тоа, тие ќе го играат финалето на ФА купот со Лестер на 15 мај, а доколку ги освојат двата трофеја, сопственикот на клубот Роман Абрамович им подготви големи награди или бонуси.
Имено, во случај да ги освојат двата трофеи, играчите ќе поделат бонус од 11 милиони фунти. Со елиминацијата на Реал, тие веќе заработија пет милиони фунти, а дополнителни пет би заработиле со победа над Сити. Имаат милион фунти во случај на победа над Лестер и освојување на ФА купот.
Бонусот се дели подеднакво, но со играчите на Сити ситуацијата е поинаква. Самиот Кевин де Брујн би добил милион ако Сити ја освои Лигата на шампионите, а неговите соиграчи уште помалку. Ова се броевите што ги следат врз основа на бонусот од договорот.
Сепак, на „Етихад“ тие се подготвени да им дадат на играчите вкупно 15 милиони фунти специјален бонус во случај на освојување на Лигата на шампионите.
На крај, што е тоа за богатите сопственици на англиски тимови? Дури и да се знае дека победникот ќе заработи 100 милиони евра од УЕФА и ТВ-права.
Затоа, на крајот на месецот, ќе уживаме во одличен спектакл, а играчите ќе имаат посебни мотиви да го освојат трофејот за кој и онака живеат сите.
Во меѓувреме, Сити е на прагот да освои нова титула во Премиер лигата, а неодамна го освои Лига купот откако го победи Тотенхем. Како и да е, незаборавна сезона и за Пеп Гвардиола и Сити и за Тухел и неговиот Челзи.



