Поврзи се со нас

Фудбал

Како ПСЖ падна против Монако: „На полувреме им реков на играчите сè“

ПСЖ синоќа имаше водство од 2:0 против Монако, но на крајот го загуби овој натпревар.

Тоа беше неверојатен пресврт и победа од 3:2 за Монако. Хрватскиот стручњак на клупата на тимот од Кнежевството беше особено среќен по натпреварот. Тој не се предаде ниту при 2:0, иако се чинеше дека неговиот тим може да доживее катастрофа.

„За време на паузата, им реков на играчите дека сме лоши, дека не е Монако што сакам да го видам. Обожавам да го гледам Монако од победите против Бордекс (4:0) и Ница (2:1) овој месец. Им реков дека сè е можно ако го составиме вистинскиот тим, па дури и победа против ПСЖ“, рече Ковач.

Тој истакна дека неговите момци биле исплашени во првото полувреме, и дека промените во второто полувреме се покажале како вистински потег.

Со оваа победа, Монако дојде на второто место и заостанува четири бода зад скапиот тим од Париз.

 

loading...

Facebook