SportM
Фудбал

Како Ван де Бек ги понижи Французите и остана без единствената опција?

Д М3 сеп 2023
Како Ван де Бек ги понижи Французите и остана без единствената опција?

Дони ван де Бик повторно остана во Манчестер Јунајтед и чека повторно да заигра.

Беше во преговори со француски Лориен, поточно ги понижи Французите и затоа остана без трансфер.

Лориен беше разочаран од однесувањето на Холанѓанецот, бидејќи Ван де Бек категорично одби да преговара со нив во средината на август, иако Манчестер Јунајтед ја прифати понудата за позајмица.

А потоа, на последниот ден од преодниот рок, играчот и неговиот агент го контактирале Лориен и рекле дека се отворени за преговори.

Челниците на Лориен сметаа дека Ван де Бик не ја заслужува нивната почит и одбија да го доведат и да преговараат, иако Јунајтед ги прифати сите услови.

Холанѓанецот така ќе остане закован на клупата на Јунајтед, барем до зимата …

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.