Каков дебакл, Гатузо дебитираше на „Олимпико“ со елиминација на Лацио од второлигаш, мораше да се извинува! (ВИДЕО)

Џенаро Гатузо имаше катастрофално деби на официјален меч на клупата на Лацио. На првиот меч и тоа на „Олимпико“ доживеа пораз од 0:2 од второлигашот Мантова во првото коло од новата сезона во Купот на Италија. Иако Лацио доминираше во воведниот дел од натпреварот, Матео Канчељери и Булаје Дија промашија неколку изгледни прилики. Гостите го искористија тоа и поведоа во 75. минута со голот на Франческо Руоко. Во финишот Лацио се обиде да дојде до израмнување, но Исмаел Кајазо во судиското надополнување од контранапад ги постави конечните 2:0 и ја потврди победата на Мантова.
Гатузо: Преземам целосна одговорност
По натпреварот, Гатузо во изјава за „Спортмедиасет“ ја презеде вината за поразот.
„Ова е тежок удар. Исправно е да застанам пред вас, но сега е време за тишина и работа. Преземам целосна одговорност. Знаевме дека нè очекува многу работа. Во моментов боли и мораме да се извинеме. Продолжуваме понатаму, а јас цврсто стојам зад овие момци кои даваат сè од себе“, рече Гатузо.
Тој додаде дека тимот бил премногу пасивен во првото полувреме, што ѝ дало самодоверба на Мантуа.
„Мораме да напредуваме во многу сегменти. Ова боли, но мораме да останеме силни. Вистина е дека имавме прилики, но во првото полувреме не направивме ништо до крај – бевме недоволно агресивни и им остававме премногу простор.



