SportM
Фудбал

Каков потег на Норвешка, сите пари од мечот со Израел ги донира за Газа!

Редакција14 јул 2026
Каков потег на Норвешка, сите пари од мечот со Израел ги донира за Газа!

Норвешкиот фудбалски сојуз го донираше целиот приход од продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Израел во хуманитарни цели за жителите на Газа. Овој меч се одигра во октомври минатата година на кој Норвешка победи со 5:0.

Собраните средства ќе бидат насочени кон медицински и хуманитарни организации, вклучувајќи ги и Лекари без граници (Médecins Sans Frontières – MSF), кои обезбедуваат здравствена заштита и друга неопходна помош за цивилите погодени од конфликтот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RTN Miami (@rtnmiami)

Од Норвешкиот фудбалски сојуз соопштија дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди конкретна поддршка за населението кое се соочува со тешка хуманитарна криза, без оглед на политичките околности.

Оваа одлука предизвика бројни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, каде што многумина го пофалија потегот на Норвешкиот фудбалски сојуз како пример за користење на спортот за да им се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.