Каков тим би бил тоа: „Дрим тим“ составен од играчи кои би можеле да бидат слободни на лето

Ни претстои зимски преоден рок, но вистинската возбуда сигурно не чека дури во лето.
Договорите на многу играчи истекуваат на крајот од оваа сезона, па тие би можеле да ги напуштат своите клубови целосно бесплатно, доколку не ги продолжат или заминат во јануари.
Убедливо најскап на листата е Килијан Мбапе од ПСЖ (160 милиони евра), кој, многу веројатно, ќе го засили Реал Мадрид.
Со 70 милиони евра, следен на листата е Федерико Киеза од Јувентус, потоа Франк Кеси (Милан) и Пол Погба (Манчестер Јунајтед) со 55 милиони, додека вредноста на Усман Дембеле (Барселона), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид) и Пауло Дибала (Јувентус) е проценета на 50 милиони евра.
Меѓу големите ѕвезди чиј договор исто така се издвојува се Лоренцо Инсиње (Наполи), Алваро Мората (Јувентус), Никлас Суле (Баерн), Антонио Рудигер (Челзи), Андреа Белоти (Торино) …



