Други спортови
Каква изјава на Мајк Тајсон: Не се сеќавам на борбата со Пол, не знам ни зошто го направив тоа!
Еден месец по борбата за Џејк Пол, Мајк Тајсон даде интервју за Fox Sports Radio во кое откри дека тој ден не се сеќава на ништо од рингот.
Тајсон (58) загуби со одлука на судиите по осум рунди од 27-годишниот Пол и тоа сосема заслужено со оглед на тоа што во целата борба успеа само 18 пати да го погоди Јутјуберот.
Легендарниот Ајрон Мајк добил 78 удари, а открил дека не се ни сеќава на нив.
“Не се сеќавам на борбата. Се онесвестив малку. Се сеќавам само на почетокот на втората рунда, Џејк правеше нешто, не разбрав што”, рекол Тајсон, кој очигледно само се сеќава дека Пол му се поклонил на почетокот на вториот круг. Како што вели, не се сеќава на тие 78 удари, но оставиле трага врз него.
„Не се сеќавам на силата на неговите удари, но целото тело ме болеше по борбата, особено градите и стомакот“, изјави Тајсон. На прашањето дали се кае што повторно влегол во рингот во доцните педесетти години, Тајсон бил искрен.
„Денот по борбата се разбудив и ја прашав жена ми: Зошто се борев?! Едноставно не знам ниту што се случуваше!