Какви зборови на Карло Анчелоти: Денеска со една реченица ги фрли во транс навивачите на Реал Мадрид

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, вчера објави дека тој и Килијан Мбапе ќе останат 100 отсто во клубот и следната сезона.
Познато е дека Мбапе долго време се поврзува со Реал Мадрид. Сепак, тој тврди дека одличниот напаѓач ќе остане член на ПСЖ иако му истекува договорот.
„Какви се шансите да останам во ПСЖ и следната сезона? Во моментов има 100 проценти шанси да останам. Јас и Килијан Мбапе исто така“, изјави тренерот на ПСЖ.
Покетино денеска доби одговор од Реал Мадрид. Нему му се спротивстави тренерот на кралевите, Карло Анчелоти, кој ја коментираше неговата изјава.
„Покетино рече дека Мбапе останува 100 проценти? Добро, но тренерите понекогаш лажат“, рече Анчелоти.
Сагата на Мбапе би требало да заврши во мај, кога 23-годишниот фудбалер конечно треба да објави каде ќе ја продолжи кариерата, а зборовите на Карло Анчелоти секако поттикнаа надеж кај навивачите на Реал Мадрид дека големиот Французин ќе го облече дресот на нивниот сакан клуб.



