Камерата го фати Оливер Кан на трибините и неговата реакција ќе се памети уште долго

Легендата на Баерн, Оливер Кан од трибините го гледаше поразот на неговиот тим од ПСЖ со 3-2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Иако Баерн беше подобар тим на теренот, ПСЖ повеќето шанси ги претвори во голови, додека европскиот првак пропушти премногу можности на овој натпревар.
Кога Килијан Мбапе погоди за водство на ПСЖ за 3-2 во 68-та минута, камерата го фати Кан на трибините и неговата реакција ќе се памети долго.
Очигледно беше големо разочарување за славниот голман кој замислено гледаше со неверување на лицето.
Réaction d'Oliver Kahn après le troisième but du Paris Saint-Germain. pic.twitter.com/pOYPt6PpVb
— 𝑩𝒓𝒂𝒉𝒊𝒎𝒂 𝒁𝒆𝒓𝒃𝒐 (@Bibra46) April 7, 2021
Кан ќе стане нов извршен директор на клубот од 1 јануари 2022 година и на оваа позиција ќе го замени Карл-Хајнц Румениге.
Кан веќе е силно вклучен во работите на клубот и нема да му биде тешко да се прилагоди на новата работа.



