SportM
Фудбал

Камерите снимија што рече Лионел Меси за судијата на полувреме

Д М6 апр 2021
Камерите снимија што рече Лионел Меси за судијата на полувреме

Фудбалерите на Барселона синоќа на домашен терен го совладаа Ваљадолид со 1-0.

Каталонскиот клуб успеа да победи во 90-та минута од натпреварот кога погодок за важни три поени постигна Усман Дембеле.

Сепак, многумина веруваат дека судијата малку ги „турна“ Каталонците во финишот на мечот кога премногу остро му покажа директен црвен картон на Оскар План.

Сепак, дури и во Барселона тие не беа многу задоволни од судењето. Имено, на полувремето, камерите го снимија Лионел Меси како му кажува на делегатот на Барселона, Карлес Навал, за судијата.

„Овој судија сака да ми покаже жолт картон, тој се обидува на сите можни начини, неверојатно“, рече Меси.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.