Кандидат помалку: Се откажаа од Халанд бидејќи имаат подобра и поевтина опција

Една „сапуница“ помалку кога е Ерлинг Халанд во прашање.
Според островските медиуми, Манчестер Сити се откажал од трансферот на норвешкиот напаѓач, бидејќи напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн е главна цел и Граѓаните веруваат дека тој би бил подобра опција од Халанд.
Гвардиола исто така го фаворизира Кејн, а тие би потрошиле помалку пари за играч кој по квалитет е сличен на Халанд кој се смета во Сити.
Кралевите и Алф-Инге Халанд и десната рака на Мино Раиола, Рафаел Пимиенто, разговарале во Монако и наводно е постигнат договор што ќе му олесни на Реал да го доведе 21-годишниот играч, но Реал се само еден во низата клубови споменати како нова дестинација на Халанд, а одлуката на Сити се чини дека го намали тој број.
Цената на Халанд ќе биде 75 милиони евра, но комплетна работа со плата за фудбалерот, и бројни бонуси за агенти би можела да чини над 300 милиони евра.
Извесно е дека не очекува многу возбудливо лето на фудбалскиот пазар.



