Капитенот на Милан, против навивачите: Ние сме со него до смрт…

Во најкомплицираниот момент на Милан, Марко Џампаоло ја добива поддршката од клубот и играчите. Домашниот пораз (1:3) со Фиорентина, трет пат по ред, со право предизвика големо незадоволство кај навивачите. Сепак, лидерите бараат единство и желба на сите страни за да одат напред.
Алесио Ромањоли, капитенот на Милан, е на иста линија. Во име на тимот, тој гарантираше максимална поддршка на Џампаоло. За Раи Спорт, капитенот тврдеше: “Нема многу што да се каже во овие случаи, ние едноставно мора да бидеме заедно. Тимот никогаш не треба да се откажува. Ние сме со тренерот до смрт”. Дефанзивецот, исто така, потврди за Милан ТВ дека тимот е сеуште со тренерот и, во име на играчите, ја презеде одговорноста за негативниот момент во кој поминува тимот:
„Ние ја преземаме целата одговорност затоа што вината е само наша. Бевме лоши во последниот натпревар, не го очекувавме тоа. После настапот во Торино мислевме дека ќе направиме уште еден чекор напред, но тоа не се случи. Ова е неоспорно. Се надевам дека следниот натпревар ќе биде подобар. Време е да ги свиткаме ракавите на тренинзи, да останеме заедно“.



