Карамелите се „стопија“ на „Етихад“.
Д М21 ное 2021

Манчестер Сити со рутински 3-0 го совлада Евертон во 12. коло од Премиер лигата.
Граѓаните во првото полувреме се мачеа да ја затресат мрежата на гостите, а тоа им успеа во 44. минута кога Стерлинг погоди за 1:0 по магичната асистенција на Кансел.
Во продолжение уште два гола во мрежата на Карамелите.
Најпрво Родри погоди за 2:0 во 55. минута по уште една убава акција на Граѓаните, а конечните 3:0 ги постави Силва во 86. минута од натпреварот.
Сити можеше да победи уште поубедливо, но во неколку ситуации беа непрецизни на крајот иако градеа добри акции.
Од друга страна, фудбалерите на Евертон ќе се обидат што побрзо да го заборават денешниот натпревар на „Етихад“.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



