Кардинале: Милан и Серија А имаат извонреден потенцијал, но мора да се променат

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, зборуваше за иднината на клубот и италијанскиот фудбал во интервју за „Ил Соле 24 Оре“: „Серија А беше како Премиер лигата. Милан беше на врвот. Што се случи? Во овие сектори, ако станеш мрзелив и не се обновуваш, ако не се појавиш секој ден со чувство на итност за да иновираш, конкуренцијата ќе те стисне.
‘Холивуд’ се самозадоволи, мислеше дека е заштитен. Потоа дојде еден продавач на DVD-a кој бараше да ги лиценцира содржините. Се роди ‘Нетфликс’ и го стисна, бидејќи технологијата се промени.
Што треба да се направи? Го имам кажано неколку пати дека треба да го подобриме производот, да го направиме поатрактивен и интересен и за дистрибутерите и за меѓународната публика. Во Италија луѓето некако се плашат од промени и постои извесен отпор кон иновациите.
Италијанскиот фудбал треба да иновира. Треба да се промени со чувство на итност. Сакам да бидам еден од катализаторите на таа промена. Гледам многу сличности меѓу ‘Холивуд’ и италијанскиот фудбал; и двата имаат извонреден потенцијал и треба да се вратат кон иновации со итност“.



