Connect with us

Фудбал

Кариерата на Џек Вилшер полека се распаѓа

Поранешната голема надеж за англискиот фудбал Џек Вилшер полека стана играч чија кариера речиси целосно е уништена од повредите.

И додека играше за Арсенал, Вилшер имаше големи проблеми со повредите, не успеа да покаже целосен потенцијал, па затоа одлучи да најде среќа во Вест Хем Јунајтед.

Сепак, не е подобро таму, бидејќи досега пропушти речиси цела сезона.

Да бидеме прецизни, влезе само на пет натпревари во Премиер Лигата, и е надвор од теренот од почетокот на декември минатата година, кога го оперираше зглобот на ногата. Поради оваа повреда, нема да го гледаме барем уште еден месец.

Инаку, тој неодамна наполни 27 години, па тешко е да се очекува дека некогаш ќе го покажи потенцијалот што го поседувал на почетокот на неговата кариера.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com