Карик со порака до тимот: Сакам да видам кои имаат храброст да играат за дресот на Јунајтед

Мајкл Карик вели дека му се допаѓа да види кој е подготвен за битка во тешки моменти, додека тренерот на Манчестер Јунајтед се соочува со зголемен притисок пред денешниот натпревар во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Тренерот на „Црвените Ѓаволи“ е на мета на медиумите и навивачите по ремито 1-1 против Тотенхем во првенството, со тимот кој го бележи најслаб старт на Јунајтед во Премиер лигата од 1986 година.
Густата програма го прави овој пат тежок: “Фудбалот и изградбата на нешто бараат патување и мораш да ги минеш пречките. Седам тука со Дијего Симеоне и сум сигурен дека имало тешки моменти кога работите не оделе според планот.”
“Тие имаат имале големи успеси, освојувајќи шампионати и стигнувајќи до напредни фази на Лигата на шампионите, но секако имале и периоди кога работите не оделе како што треба”, додаде Карик.
“Имаме екипи во нашата лига кои имале успех, но патот до него не бил секогаш во една насока. Разбирам дека, кога работите не одат добро, се создава голема бучава и чувство дека е катастрофа, сè е грешно и сè треба да се смени”, додаде тренерот на Манчестер Јунајтед.
На крај, Карик рече: “Секако дека го разбирам ова, но тоа не е дел од нашиот менталитет. За да постигнеш нешто, навистина, треба да бидеш способен да се соочиш со тешки ситуации и да ги надминеш нив. Сакам да видам на терен играчи кои се справуваат со притисокот и имаат храброст да играат за победа.”



