SportM
Фудбал

Кариус убеден дека може повторно да брани во Ливерпул

Д М6 окт 2019
Кариус убеден дека може повторно да брани во Ливерпул

Лорис Кариус сепак верува дека може повторно да брани за Ливерпул, и покрај тоа што често го исмеваат за фаталните грешки на голот на Бешикташ.

Кариус беше трагичар на Ливерпул во финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, па клубот најде решение со тоа што го купи Алисон Бекер и го прати Кариус на позајмица во Бешикташ.

Сега, во својата втора сезона на позајмица во Бешикташ, Кариус зборуваше за таа грешка против Реал во финалето, но тврди дека сепак може да брани на голот на англискиот великан.

„Дали повторно ќе бранам за Ливерпул? Можеби ќе бранам повторно, никој не знае. Не ми е грижа дали ќе бидам првиот или резервен голман на црвените“.

„Што се однесува на Киев и тоа финале, повеќе не размислувам за тоа. Помина долго време од таа вечер. Имав лоша повреда тогаш и никој не зборуваше за тоа. Луѓето можат да зборуваат што сакаат, тоа не ми пречи повеќе. Среќен сум. дека Ливерпул ја освои Лигата на шампионите следната сезона. Мислам дека имаат добри шанси и оваа година. Јас сè уште сум во контакт со некои тренери и играчи од Ливерпул“, додаде тој.

Германскиот голман има договор до крајот на следната сезона со Ливерпул, но навистина има многу мала шанса тој да се врати на голот на Ливерпул.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.