SportM
Фудбал

Карло Анчелоти откри каде ја завршува својата славна тренерска кариера

Д М13 авг 2022
Карло Анчелоти откри каде ја завршува својата славна тренерска кариера

Италијанскиот стручњак Карло Анчелоти важи за еден од најдобрите тренери во светот.

 

63-годишниот тренер на Реал Мадрид работеше во бројни големи клубови во неговата богата тренерска кариера која датира од 1995 година, со тоа што неколку години претходно почна како асистент во италијанската репрезентација.

 

Тој го водеше Карло Реџана, потоа Парма, потоа Јувентус и Милан, пред да ја напушти Италија во 2009 година и да се испроба во најсилните лиги кои ги предводат Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн и Евертон, а во Мадрид се врати во 2021 година.

Освои различни титули, со Реал два пати беше шампион на Европа, освои два европски Суперкупа, Светско клупско првенство и Ла Лига.

 

Има големи планови пред почетокот на сезоната 2022/23, сака да ја повтори последната сезона во која кралскиот клуб го освои шампионатот, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.

 

Во пресрет на првиот натпревар од новата сезона против новајлијата Алмерија во недела, Италијанецот објави важна одлука.

 

Кариерата ќе ја завршам овде во Реал Мадрид. После тоа ќе се пензионирам. Овој клуб е на врвот, има смисла да се стави тој збор на крајот“, изјави Анчелоти и со тоа природно ги воодушеви навивачите на Реал.

 

Тој истакна дека по заминувањето од Реал ќе стави крај на тренерската кариера, но не кажа кога тоа ќе се случи.

 

Дон Карло изјави и дека ќе биде возбудлива борба за титулата во Шпанија со оглед на тоа како Барселона се засили летово, смета дека во кус круг на фаворити се и Севиља и Атлетико, а истакнува дека би било посебно да се прослави 15-та победа во Лигата на шампионите.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.