Connect with us

Фудбал

Карлос Тевез во болница поради болки во градите

Како што објави во средата Индепедиенте, тренерот на овој клуб, легендарниот Карлос Тевез завршил во болница поради болки во градите.

„Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата Ла Тринидад во Сан Исидро со болки во градите. Резултатите од првите тестови се задоволителни“, објави Индепедиенте.

„Карлос денеска ќе биде подложен на дополнителни прегледи кои се дел од рутински преглед и ќе остане во болница додека не ги заврши сите тестови“, се додава во соопштението на клубот.

Тевез во својата играчка кариера три пати играше за Бока Јуниорс, ги бранеше боите на Коринтијанс, Шангај, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

За аргентинската репрезентација од 2004 до 2015 година забележа 76 настапи и постигна 13 голови.

Како тренер досега ги водеше Росарио Сенрал и Индепедиенте на кои им се приклучи минатата година.