SportM
Фудбал

КАС: Лацио да плати еден милион евра на Феенорд за Де Врај

Д М25 сеп 2018
КАС: Лацио да плати еден милион евра на Феенорд за Де Врај

Арбитражниот суд во Лозана донесе одлука за случајот со дефанзивецот Стефан де Врај и неговиот трансфер во Лацио.

Холандскиот репрезентативец се пресели од Фееноорд во римскиот клуб во 2014 година за неидентификуван износ. Меѓутоа, при една од траншите се случува проблем. „Орлите“ пренесуваат два милиона евра по електронски пат, но се чини дека сметката е лажна и парите не влегле во касата на холандскиот гигант.

Од Ротердам веднаш почнуваат да ги бараат своите права преку суд, а КАС пресуди дека Италијанците должат 1 милион евра на клубот од Холандија.
Од оваа година Де Врај е фудбалер на Интер, со кого потпиша петгодишен договор во текот на летото.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.