Поврзи се со нас

Фудбал

Касиљас сака да се врати во Реал Мадрид

Икер Касиљас призна дека би сакал да се врати во Реал Мадрид, клубот каде ги помина најдобрите денови од својата професионална кариера како голман.

Шпанската легенда го промовираше својот документарец „Виси крилја“, откако се повлече од фудбалот.

После проблеми со срцето, Касиљас го објави документарниот филм, во кој одговараше на прашања во врска со враќањето на Сантијаго Бернабеу, каде помина 25 години од својата кариера.

„Тоа е мојот сон затоа што може да му помогне на најпознатиот клуб во светот, бидејќи јас многу добро го познавам тоа“, изјави Касиљас .

 
„Не знам што ќе се случи, но би било навистина посебно да се вратам и да можам да ги пренесам оние вредности што ме научија како дете“, додаде тој.

„Никогаш нема да затворам врата каде утре повторно ќе бидам среќен и задоволен “, изјави поранешниот голман на Реал.

loading...

Facebook